Како што известува Korea IT News, најголемиот светски производител на телевизори Samsung би можел во целост да се префрли на OLED екрани, веќе од следната година.
Извештајот сугерира дека Samsung Display до 2025. година ќе инвестира околу 12 милијарди долари во развој и масовно производство на QD-OLED технологија. Производството ќе почне во текот на 2021. година со 65-инчни или поголеми модели на телевизори.
Овој потег ќе го означи и крајот на производството на LCD-панели на Samsung Display во целост, а ова првично се очекуваше уште во текот во 2020. година. Пандемијата ги претвори преголемите залихи на LCD-екрани на Samsung во недостиг, бидејќи побарувачката за телевизори се зголеми во текот на годината.
Нема информации за официјалните модели, ниту периодот на објавување на новата технологија на Samsung, но најновиот извештај сугерира почеток на масовно производство на Samsung QD-OLED телевизорите подоцна во текот на 2021. година и почеток на продажбата во 2022. година.
Се очекува дека Samsung ќе почне поскромно, со еден QD-OLED ТВ модел, што ќе ги заинтересира потрошувачите, пред објавата на три варијанти телевизори во текот на 2023. година, кои во целост ќе ги прикажат можностите на технологијата.
Поврзани артикли