Apple неодамна објави дека новото ажурирање на компанијата ќе ја имплементира App Tracking Transparency алатката, што ќе им овозможи на корисниците подобра контрола на приватноста. Според информациите на Bloomberg, Google работи на нешто слично – го спречува вкрстеното следење на апликациите на Android уредите.
Функцијата на Google е сè уште во рана фаза на разгледување, а официјален претставник на компанијата истакна дека Google секогаш бара начини да работи со програмерите за подигнување на нивото на приватност, обезбедувајќи здрав екосистем на апликации, поддржан од реклами.
Неименувани извори сугерираат дека Google всушност сака да најде рамнотежа помеѓу стравовите што ги имаат корисниците кога станува збор за безбедноста и финансиските потреби на програмерите и огласувачите.