Неодамна се појавија информации дека PlayStation 5 ќе поддржува 1440p дисплеи, а потекнаа од објавата на компанијата BenQ. Меѓутоа, разочарувачкли вести сега пристигнуваат од компанијата Sony, која истакнува дека PS5 нема да препознава и поддржува 1440p дисплеи, онака како што би требало.

Според наводите на IGN Italy, кој доби директни информации од Sony, претстојната PlayStation 5 конзола нема да има изворна поддршка за екрани со 1440p резолуција.

Секако, овие 1440p дисплеи ќе можат и натаму да се поврзуваат со PS5 конзолите, но наместо изворните 1440p UI елементи и резолуција во игрите, ќе нуди само 1080p (веројатно со downsampling).

Останува надежта дека Sony во некој момент ќе ги ажурира софтверот на системот, за да нуди поддршка за 1440p дисплеи, а на играчите би им овозможил малку подобри да уживаат во гејминг насловите од следната генерација.