Xiaomi минатата година го претстави 65W GaN (Галиум-нитрид) полначот, а се работи за компактен адаптер кој се вклопува во вашата дланка и може да го полни речиси секој уред преку USB-C конекција.

Сега компанијата доби TUV Rheinland сертификат за уште помоќна верзија на полначот, кој остварува 11V @ 6.1A, со вкупна моќност на полнење од 67,1W.

Полначот ги има ознаките на моделите MDY-12-EU и MDY-12-ET. Првите три букви се воглавно ознаки на адаптерот што доаѓаат со телефоните, што значи дека наскоро би можеле да видиме 67W полначи.

Останува да се види дали 67W GaN полначот ќе биде претставен во текот на глобалната објава на Xiaomi Mi 11 телефонот, закажана за 8 февруари.