Индустриските инсајдери известуваат дека Apple барал од компанијата LG значително да го засили производството на LCD панели за iPad уредите.

Според наводите, зголемувањето на побарувачката за уреди со голем екран во текот на пандемијата на коронавирусот, доведе до зголемени барања кога е во прашање производството.

Apple првобитно ги намали порачките од LG и другите снабдувачи, со оглед на тоа дека компанијата очекувала значаен пад на продажбата. Сепак, LG сега е приморан брзо да реагира поради промените на пазарот и зголемувањето на барањата, а со цел да не заостанува зад конкурентските компании Sharp и BOE Display.