Google почна тивко со испорака на мали измени на интерфејсот за Google Maps, а во прашање е поделениот екран за Street View и Maps. Мапата ги прикажува достапните слики и снимки (SV или photo spheres), а со притискање на мапата е можно да се отиде на одредена локација.

Split screen режимот се активира веднаш откако локацијата ќе се обележи локацијата и се влезе во Street View, а достапен е во вертикален и панорамски облик. Тука е и Expand копчето, за преглед во целосен екран.

Функцијата за изгледот доаѓа со 10.59.1 верзијата на апликацијата, но не е активна за сите корисници. Ова веројатно ќе се промени, кога Google официјално ќе објави ново ажурирање за Google Maps.

Режимот на поделен екран за Street View претходно беше виден на веб-верзијата на Google Maps сервисот и сличен е на Live View AR функција од live-feed-от на камерата.