Microsoft објави голем број нови функции, кои се фокусираат на продуктивноста, а во најголема мерка се фокусирани на мобилните апликации на компанијата.

За почеток, тука се новите можности на Cortana асистентот во Outlook апликацијата. Наскоро, корисниците ќе можат постојано да разговараат со Cortana за да закажат состаноци, да испраќаат е-пошта или да пребаруваат. Cortana исто така доби одредени подобрувања во апликацијата Teams.

Кога станува збор за Teams, Microsoft додаде нова опција која ја покренува Microsoft Lens. Корисниците наскоро ќе можат да снимаат кратки видеа од Teams сервисот, а потоа да ги обработуваат со додавање на текст, емотикони, линкови или филтри.

Microsoft Office мобилната апликација, исто така, добива неколку корисни подобрувања. Сега е полесно да се пронајдат фајлови со користење на природен јазик, барем за оние кои имаат работни сметки на Android. Office ќе им помогне на корисниците автоматски да ги организираат своите скенирани фотографии и слики, додека деловните корисници ќе имаат можност за пребарување на сликите засновано на содржина, а не само на насловот на сликата. Овие функции пристигнуваат на Android во наредните недели, а iOS ќе ги добие подоцна. Office aпликацијата ќе добие и подобрени анотации (белешки) за PDF, додека мултитаскинг поддршката пристигнува на iPad.

Microsoft спомена и низа помали функции за други апликации, кои пристигнуваат на Android и iOS верзите на услугите на компанијата. Повеќе за тоа е достапно на следниот ЛИНК.