Samsung стекна навика да лансира нови Galaxy Buds безжични слушалки со новите Galaxy S флегшип смартфони. Тоа го правеше во изминатите две години, а во случај да се загриживте дека тоа нема да се случи и следната година, можеме да потврдиме дека компанијата ќе лансира нови слушалки.

Ова ќе бидат втори безжични слушалки на Samsung за помалку од шест месеци. Ако се сеќавате, компанијата ги лансираше Galaxy Buds Live во август оваа година.

Новите Galaxy buds ќе имаат активно отстранување на вревата

Galaxy Buds Live беа целосно поинаков производ. Пристигнаа шест месеци откако Galaxy Buds+ беа лансирани со Galaxy S20 серијата. Имаа поинаков дизајн и беа првите слушалки на Samsung кои го поддржуваат активното отстранување на шумот.

Не се замислени да ги заменат Galaxy Buds. Пристигна потврда дека Samsung ќе лансира нови слушалки за Galaxy S21 кои ќе имаат ист дизајн во увото како Galaxy Buds/Buds+. Samsung ќе спроведе и некои други подобрувања „под хаубата“.

Изворите откриваат дека ќе биде присутен подобрен амбиентален режим. Тоа е функција која овозможува надворешниот шум да продира низ слушалките за да бидете свесни за своето опкружување. Претходните примери не беа баш совршени, па секако ќе биде добредојдено подобрување.