Постојат клучни разлики во безбедноста на заштитата на податоците во популарните апликации за пораки.
Ако се двоумите помеѓу Signal, WhatsApp и Telegram за безбедна размена на пораки, воопшто не си го трошете времето со ништо друго освен Signal.
Тука не зборуваме за тоа која апликација има поубави карактеристики и повеќе опции за звук или која е најлесна за употреба, туку станува збор строго за заштита на приватноста. Ако ова е она што го барате, ништо не е подобро од Signal.
Signal, Telegram и WhatsApp користат end-to-end енкрипција во некој дел од нивната апликација што значи дека ако некој ги пресретне вашите пораки тие ќе бидат шифрирани и нечитливи.
Тоа значи и дека луѓето кои работат за која било компанија што ги лансираше овие апликации не можат да видат ниту една од вашите пораки кога комуницираат со друг корисник. Ова ја спречува и полицијата и кој било друг да ги чита вашите пораки, дури и ако се пресретнати, што се случува почесто отколку што многумина мислат.
Извор: B92.net
Поврзани артикли