Бразилската влада нема да се обиде да му забрани на кинескиот производител на телекомуникациска опрема Huawei да учествува на аукциите на мрежата 5G кои се закажани за јуни оваа година, објави во саботата весникот Естадо де С. Пауло, повикувајќи се на извори од владата и индустриската заедница, пренесува Ројтерс.

Финансиските трошоци кои потенцијално вредат милијарди долари и излегувањето на сојузниот претседател Доналд Трамп од Белата куќа го натераа претседателот Жаир Болсонаро да се повлече од неговото спротивставување Huawei да учествува во наддавањето за обезбедување на мрежно покривање со следна генерација на мобилна мрежа во Бразил, пишува весникот.

Болсонаро, исто како и Трамп, му се спротивставува на Huawei на недокажана основа дека споделува доверливи податоци со комунистичката влада на Кина.

Но, со оглед на тоа што Кина е најголемиот трговски партнер на Бразил и способноста на Huawei да се натпреварува со цена, тој се соочи со отпор од индустриската заедница и од неговата сопствена влада, вклучително и од потпретседателот Хамилтон Мурао.

Естадо де С. Пауло го цитираше Мурао кој изјави дека на сите компании кои ги даваат потребните гаранции за почитување на националниот суверенитет на Бразил и заштитата на податоците ќе им биде дозволено да понудат 5G опрема во земјата.

Минатиот месец, извори за Ројтерс изјавија дека владата на Болсонаро бара законски начин да го исклучи Huawei од 5G мрежите во Бразил.