Опцијата Shuffle Play на Netflix ќе биде достапна за користење во текот на првата половина на 2021 година. Компанијата го најави ова со објава на најновите финансиски резултати. Во фазата на тестирање, Shuffle Play функционираше така што за вас ја бираше содржината во однос на вашата историја на гледање, помагајќи ви, како што се наведува, да го „избегнете чувството на непријатност од соочување со непрегледната количина серии за коi не сте сигурни што да гледате следно“.

Претставник на компанијата соопшти дека опцијата е дизајнирана за корисниците кои сакаат целосно да го прескокнат пребарувањето со еден клик, а потоа самиот Netflix ќе го избере насловот за нив, што потоа ќе може да го гледаат.

Како и да се вика опцијата кога ќе стане официјална, Shuffle Play ќе им се придружи на другите обиди на компанијата да им го олесни на корисниците пронаоѓањето на содржините. Минатата година, Netflix го уфрли табот „Ново и популарно“, кој претставуваше комбинација на нови, популарни и претстојни содржини.