Американските регулатори побараа од Tesla да повлече 158.000 возила во САД поради дефект околу безбедноста. Властите нагласија дека дефектот е пронајден кај автомобилите на Тesla Model С во периодот од 2012-2018 година и кај Model XS од 2016-2018 година.

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во писмото наведува дека проблем со контролната табла на автомобилот може да предизвика повеќекратна штета, како што е губење на камерата за заден преглед и други функции поврзани со безбедноста на возилото.

„Стапката на откажување во оваа истрага е значително поголема од стапката на откажување кај возилата вклучени во претходните повлекувања кои имаа вакви проблеми“, се вели во соопштението.

Дефекот на контролната табла, според образложението, може да го попречи системот за одмрзнување и на шофершајбната, да влијае на системот за автопилот и на функционалноста на трепкачите.

Компанијата Tesla не е должна да го исполни барањето на федералната агенција, но има рок до 27. јануари да приложи објаснување. Барањето претставува голем проблем за компанијата, бидејќи 158.000 автомобили претставуваат речиси третина од сите автомобили испорачани минатата 2020 година.