Научниците од Технолошкиoт институт во Масачусетс конструираа направа што може да собира вода и од воздухот во пустинските области.

Тие како причина за овој нивен проект го наведуваат глобалното затоплување поради кое соочуваат со недостиг на вода. Според проценките на Обединетите нации до 2050 година над милијарди луѓе ќе бидат засегнати од овој проблем. Иако истражувањата во оваа сфера не се новина, научниците тврдат дека досегашните модели не се практични.

Дел од нив користат роса која ја претвораат во вода, но за тоа им е потребен некаков ладилник и механизам за кондензација што троши премногу енергија. Други пак собираат вода од магла, што пак е невозможно да се изведе во пустински услови.

Новиот модел може да собере 2,8 литри вода и користи само посебен кристален материјал се собира во овој материјал за време на ладните ноќи, кога сонцето ќе загрее водата испарува и навлегува во резервоарите каде повторно кондензира и се акумулира.

Научниците наведуваат дека овој вид на материјали собираат поголеми количини на вода, а бидејќи не е потребен ладилник се енергетски ефикасни.

Направата е тестирана во Аризона, каде релативната влажност на воздухот е само десет одсто и нема роса. При тестирањето овој модел собрал 250 милилитри за едно деноноќие.

Меѓу слабостите што и се припишуваат на оваа направа е нејзиното ограничено работење