OnePlus го објави датумот кога планира да ja претстави својот првa паметнa нараквица/фитнес тракер, нареченa OnePlus Band.

Се очекува дека OnePlus Band ќе биде многу евтин носечки уред, со цена од 34 долари, според информациите од сигурни дојавувачи. Покрај тоа, фитнес-уредот ќе има поддршка за мерење на работата на срцето, сатурацијата на кислород во крвта (SpO2) и можност за следење на активноста во текот на спиењето.

OnePlus Band ќе има и сертификат за IP68 водоотпорност, 1,1-инчен AMOLED екран и батерија која би требало да нуди автономија на работа до две недели. Ако листата на протечени спецификации се испостави точна, ова може да биде многу привлечен модел на пазарот на носечки уреди.

OnePlus сега потврди дека паметната фитнес нараквица ќе ја претстави на 11. јануари, кога ќе ги дознаеме сите официјални детали за уредот.