Samsung ќе ја претстави Galaxy S21 серијата на 14. јануари, а според информациите на германскиот IT сајт WinFuture, телефоните ќе бидат достапни во Западна Европа од 29. јануари. Периодот измеѓу ќе биде резервиран за преднарачки.

Оние кои ќе нарачаат Samsung Galaxy S21 Ultra, ќе ги добијат бесплатно и новите безжични слушалки Galaxy Buds Pro (кои засебно ќе чинат 230 евра во слободна продажба). Galaxy S21 и S21+, од друга страна, ќе ги добијат Buds Live слушалките.

Корисниците кои ќе преднарачаат некои од смартфоните од Galaxy S21 серијата ќе го добијат и bluetooth тракерот SmartTag (чија цена засебно изнесува 30 евра).

Претходно протекоа информации за цените на телефоните од Galaxy S21 серијата. Според нив, почетната цена за Galaxy S21 моделотсе очекува да изнесува 849 евра, Galaxy S21+ ќе чини 1049 евра, додека најевтината варијанта на Galaxy S21 Ultra моделот најверојатно ќе има цена од 1249 евра. Најсилниот модел ќе се продава за 1429 евра.