Opera објави сопствен Web3 „Crypto Browser“, кој е достапен во фаза на бета тестирање.

Crypto Browser има вграден паричник за криптовалути, лесен пристап до менувачници за криптовалути/NFT, поддршка за децентрализирани апликации (dApps) и многу повеќе.

Целта на овој прелистувач е да го поедностави корисничкото искуство на Web3, кое обично е збунувачки за обичните корисници.

Главната карактеристика е вграден паричник, кој ќе поддржува блокчејн, како што се Ethereum, Bitcoin, Celo и Nervos од самиот почеток.

Идејата е на корисникот да му се овозможи пристап до криптовалутите, без потреба од никакви екстензии, со можност за користење на надворешни паричници.

Друга примарна функција на Crypto Browser е поддршката за Web3, односно децентрализиран интернет базиран на блокчејн.

Покрај тоа што нуди дополнителна безбедност преку блокчејн шифрирање, постои и можност за корисниците да пристапат до функции како што е GameFi, каде што можат да заработат пари додека играат и се движат низ различни видови метаверзи.

Opera нуди и Crypto Corner, со најновите блокчејн вести, а ќе овозможи и развој на Web3 вештини.

Crypto Browser сега е достапен за Android, Windows и Mac,, додека верзијата за iOS се очекува наскоро.