Испораката на паметни телефони за периодот јули-септмеври забележа пад од 6 проценти во споредба со истиот период минатата година, според анализите на компанијата Canalys.

Недостигот на компоненти, заедно со глобалниот недостаток на чипови се главните причини што е забележан споменатиот пад, а според некои прогнози ќе помине уште барем една година додека побарувачката и понудата не се избалансираат.

Samsung е повторно водечки кога се работи за испорака на смартфони, а јужнокорејската компанија во текот на третиот квартал оваа година држеше 23 проценти од вкупната испорака на пазарот. Apple е втор со 15 проценти (3% подобро отколку во истиот период минатата година). Xiaomi е сега на третото место, но само со еден процент зад Apple. На четвртата и петтата позиција се Vivo и Oppo.

Гледајќи во претсојниот период, Single’s Day во Кина и Black Friday на западните пазари се шанси смартфон компаниите да остварат силна продажба, но со помалку агресивни попусти во однос на претходните години.