Компанијата OnePlus со текот на годините, ги додаде неопходните премиум функции во своите телефони, а со OnePlus 8 Pro моделот дојде на ред и опцијата за безжично полнење.

Компанијата во текот на 2021. година ќе ја прошири поддршката за безжично полнење и на OnePlus 9 и 9 Pro моделите, кои ќе бидат претставени наскоро.

Разликата помеѓу двата модела ќе биде во брзините што ќе ги поддржуваат двата уреда, така што OnePlus 9 Pro ќе има поддршка за 45W безжично полнење, додека за стандардниот OnePlus 9 не е позната поддржаната брзина.

Минатогодишниот OnePlus 8 Pro имаше поддршка за безжично полнење до 30W, што претставуваше исклучителна брзина, а новото зголемување дополнително ќе го подобри премиум впечатокот за OnePlus 9 Pro моделот.