Минатата недела, мистериозен Xiaomi телефон, со број на модел M1908F1XE, беше сертифициран од агенцијата TENAA, а гласините сугерираат дека за работи за претстојниот Xiaomi Mi Mix 4. Листингот не открива многу, но беше споменато дека телефонот ќе пристигне со 5G поддршка.

Сега истиот уред е сертифициран од кинеска агенција 3C, со што телефонот е уште поблизу до официјалната објава. Уредот, со модел број M1908F1XE, е повторно излистан со 5G поддршка, и ќе има полнач MDY-10-EX кој поддржува 44W брзо полнење.

Една од главните причини зошто се верува дека се работи за Mi Mix 4 е тоа што извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун претходно откри дека вториот  5G телефон на компанијата ќе пристигне во втората половина од годината. Со оглед на тоа што наследникот на Mi 9 најверојатно ќе пристигне во февруари следната година, моделот со поддршка од 5G би бил очекуваниот Mi Mix 4.