Google побарал од своите истражувачи да им „дадат позитивен тон“ на резултатите на истражувањата околу чувствителните теми, како вештачката технологија.
Странските медиуми, повикувајќи се на истражувачите и интерните документи, објавија дека во најмалку три случаи раководители од компанијата Google барале од авторите на истражувањата да се воздржат од негативно прикажување на новите технологии.
Во еден таков документ пишува дека „напредокот на технологијата и растечката сложеност на нашето надворешно опкружување сè повеќе доведуваат до ситуации кога проекти кои навидум на се навредливи отвораат етички, регулаторни или правни прашања, или можат да ѝ наштетат на репутацијата“.
Во друга интерна преписка, еден од менаџерите на Google кој ја прегледувал студијата за технологијата за препорачување содржини, непосредно пред објавувањето, ги замолил авторите „да водат сметка извештајот да има позитивен тон“.
„Ако истражуваме некоја област за која сме стручни, а не ни е дозволено да објавиме поради некои проверки, тогаш тоа е сериозен проблем со цензурирање“, изјави Маргарет Мичел, која работи на позицијата истражувач на вештачката интелигенција во Google.
Извор: B92.net