Онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia

На 30ти март со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн настан на тема Software testing or how to rock the quality, во организација на Women in Tech Macedonia. Целта на оваа дискусија е да го доближи софтверското тестирање поблиску до сите професионалци кои работат или се заинтересирани да работат како софтверски тестери.

Дискусијата ќе ја води Викторија Кузмановска, страстен ентузијаст за тестирање на софтвер. По еден голем скок Викторија ја промени насоката на својата кариера, а сега речиси 6 месеци работи како мануелен тестер во Pabau Clinic Software. За горенаведените теми ќе научиме повеќе од професионалните искуства на три панелитски со долгогодишно искуство во индустријата.

  • Ана Палчевска е поранешен асистент по физика на ФЕИТ со 5-годишно работно искуство како сениор инженер за квалитет во One-Inside.
  • Ивана Апостолова е инженер за квалитет и сертифициран агилен тестер и тренер со 9-годишно искуство во областа. Во моментов работи за филијалата на Plecosystems во Прага, одговорна за поставување на процеси за квалитет на софтвер.
  • Јасмина Даблинска, AM&D Sr. инженер за квалитет на софтвер во Connected Care, Philips. Јасмина има 13-годишна експертиза за мануелно и автоматско тестирање во методологијата Agile Scrum.