Русија следната година ќе почне со тестирање на антитела врз пациенти со Ковид-19, изјави Александр Гинцбург, првиот човек на московскиот институт „Гамалеј“, во кој се разви првата вакцина против коронавирусот Спутник V.

Директорот на „Гамалеј“ изјави дека се надева дека веќе следната есен ќе почнат испитувањата за новиот лек базиран на антитела, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на руските агенции.

„Се надевам дека од есен ќе почнат клиничките испитувања. Треба да го развиеме овој лек користејќи неколку технологии истовремено, што е нешто што во моментов се прави“, рече Гинцбург.

Русија побара од пациентите со Ковид-19 да донираат крвна плазма, која е богата со антитела, а ќе им помогне во нивните истражувања.