На почетокот на овој месец, Xiaomi го објави Android 11 стабилното ажурирање, заедно со MIUI 12 интерфејсот за глобалните варијанти на Mi 10 Lite 5G телефонот. Сега европската верзија на споменатиот смартфон ја доби најновата верзија на Android.

Новиот софтвер build ја носи ознаката на верзија V12.1.2.0.RJIEUXM и е „тежок“ 2,8 GB. На корисниците им пристигнува OTA (over-the-air) и на сите европски модели на овој телефон би требало да пристигне наскоро.

Оние кои се нестрпливи и не можат да дочекаат известувањето за ажурирањето да се појави  на нивниот уред, можат да влезат во Settings менито на Mi 10 Lite 5G телефонот и да проверат дали е можно рачно ажурирање на Android 11.