Redmi на Weibo страниците на својот профил додаде неколку нови тизери, кои се однесуваат на Redmi K30 Pro телефонот и неговите камери.

Судејќи според слајдовите, Redmi K30 Pro ќе има два 64MP Sony IMX686 сензори, од кои еден ќе се користи како главна камера, а вториот ќе биде задолжен за телефото снимки. Спецификациите укажуваат на 3X оптичко зумирање и до 30x дигитално зумирање.

Сензорот од 64MP има големина од 1/1.7 ини и користи 4-во-1 бинување, за 16M 1.6μm пиксели. Сензорот е исто така способен за снимање на 8К видео.

Двете 64 MP камери нудат оптичка стабилизација на сликата, за која Redmi тврди дека ги контролира сите четири оски, благодарение на податоците од жироскопот и акцелерометарот.