Откако минатата недела се појавија деталните спецификации на Samsung Galaxy S21 Ultra, сега истото го имаме и за Galaxy S21 и Galaxy S21+ моделите.
Samsung Galaxy S21 и S21+ ќе го користат Snapdragon 888 чипсетот во САД и Кина и Exynos 2100 во Европа. Двата смартфона ќе работат под Android 11 платформата од самиот почеток со интерфејсот One UI 3.1.
Ќе бидат достапни 8GB RAM и две опции за складирање: 128GB и 256GB. Ниту еден од овие два модела не се очекува да има слот за microSD картичка за проширување на просторот за складирање.
Стандардниот S21 ќе има 6,2-инчен FullHD+ Infinity-O Dynamic AMOLED дисплеј, додека Plus моделот Plus ќе поседува 6,7-инчен панел со иста резолуција. Двата екрани ќе бидат заштитени од Gorilla Glass Victus и ќе имаат максимална брзина на освежување од 120Hz.
За фотографирање, Galaxy S21 и S21+ ќе имаат систем со три камери на задната страна, вклучително и главен сензор од 64MP, додека од предната страна се очекува селфи камера од 10MP.
Телефоните ќе се напојуваат со батерии од 4000mAh (S21) и 4800mAh (S21+), со поддршка за полнење од 25W. Ниту еден од телефоните нема да доаѓа со полнач во пакетот.
Покрај спецификациите, изворот ги потврди и претходно објавените информации за цените. Стандардниот Galaxy S21 ќе има почетна цена од 849 евра во Европа, додека Galaxy S21+ ќе има почетна цена од 1049 евра за моделот 128 GB и 1099 евра за варијантата од 256 GB.
Повеќе детали за спецификациите, како и фотографии од двата модела се достапни ТУКА.