Нема сомнение дека Huawei прилично брзо, самоуверени и цврсто се позиционира како еден од најдобрите играчи на пазарот на паметни телефони, Кинеската компанија со своите квалитетни уреди освојува мнгоу љубители на квалитетни дизајнерски и обични паметни телефони. На средината на месецов, поточно н 16 октомври, Huawei планира да го претстави, како што најавија, првиот вистински паметем телефон со интегрирана вештачка интелигенција.

Ова ветување звучи доста тешко, но Huawei веќе покажа дека не се разфрла со празни ветувања, па со голем интерес сите го очекуваат претставувањето на Huawei Mate 10 Pro, Huawei Mate 10 и Huawei Mate Lite линијата на нови паметни телефони. Трите изведби на новиот модел Huawei уште повеќе ќе го искачат повисоко на пазарот затоа што нивната физлозофија, како и досега, е во секој сегмент на пазарот да понудат барем еден модел со прифатлива цена и квалитет, но најголем интерес предизвикува најавената верзија Pro.

Huawei Mate 10 Pro нема да биде евтин телефон, но никој не го ни очекува тоа затоа што треба да има екран од 6 инчи, резолуција 2160×1080 пиксели и дури три камери. Токму тука се крие потенцијалот на вистинскиот паметен телефон со вештачка интелигенција затоа што двете задни камери на телефонот (12 i 20 M мегапиксели) гарантираат квалитетна опција за 3Д скенирање, додека предната камера од 8 мегапиксели ќе служи за стандардни опции.

Извор: Zimo.hr