Виртуелниот свет им овозможува на корисниците да направат сопствени мини-игри и активности.

Компанијата Meta го објави својот социјален простор на виртуелната реалност (VR), „Horizon Worlds“ по повеќе од една година тестирање. Ова е прв ваков производ откако Фејсбук стана Мета и ги најави своите планови дека ќе изгради Метаверзум.

Сите полнолени лица ќе можат да зачекорат во виртуелниот свет, а „Horizon Worlds“ е бесплатен за играчите кои користат „Oculus Quest 2 VR hedset“ кој го продава Мета.

Во овој Метаверзум можете да летате, да поставувате предмети како што е дрво или пак да го обликувате вашето дигитално опкружување. Покрај тоа може да присуствувате на работни состаноци или едноставно да го истражувате дигиталниот свет со своите пријатели.

Алатките за креирање се вградени директно во виртуелниот свет, така што играчите можат веднаш да им пристапуваат без дополнителни чекори или преземања, пишува BBC.

„Horizon Worlds“ моментално е достапен само во САД и Канада, но се очекува дека Мета овој производ ќе го лансира глобално во блиска иднина.

Извор: Telegraf.rs