Изгледа дека Microsoft ги следи стапките на Apple, бидејќи извештаите велат дека гигантот Редмонд развива сопствени ARM процесори за Surface уредите и cloud инфраструктурата. Иако нема многу детали за ова, се споменуваат информации дека се работи на чипови кои ќе можат да се користат во центрите за податоци на Microsoft, а се истражуваат можностите за користење на истиот дизајн и за Surface линијата на компјутери.
Microsoft моментално користи Intel процесори за своите Azure cloud услуги. Intel е доминантен производител кога станува збор за серверските процесори, со удел на пазарот од околу 90 проценти. Информациите за чипот на Microsoft предизвикаа пад на акциите на Intel за околу 6,3 проценти за еден ден.
Иако Microsoft повремено користеше ARM чипови во минатото, ова би бил значаен чекор напред кога станува збор за Surface компјутерите. Во моментов, прилагодениот SQ1 Qualcomm чип се наоѓа во Surface Pro X компјутерот, но наскоро слични процесори може да најдат место и во другите Surface компјутери. Инаку, уште во 2018 година, Microsoft размислуваше за ARM процесор во оригиналниот Surface Go компјутер, но откако Intel реагираше остро, компанијата се откажа од таа идеја.
Поврзани артикли