Huawei неодамна го објави HarmonyOS 2.0 за линија производи, а од компанијата се очекува денеска да ја објави истата платформа за паметните телефони, почнувајќи со Developer Beta build.

Покрај тоа, извештајот на дојавувач од Кина тврди дека HarmonyOS 2.0 Beta за телефони веќе се испорачува до некои програмери, а изгледа дека кернелот е ажуриран со цел оперативниот систем да биде пофлуиден.

Се додава и дека корисничкиот интерфејс е речиси сличен на EMUI 11 интерфејсот, но би можел да се разликува кога компанијата ќе објави стабилна верзија, со фокус на подобрување на корисничкото искуство. Извештајот, исто така, истакнува дека новата верзија на оперативниот систем поддржува и Android и HarmonyOS апликации.

Доколку ова се испостави како точно, тоа ќе претставува значаен чекор на Huawei во правец на замена на Android оперативниот систем на своите телефони. Компанијата пробува да ја спроведе оваа замена уште од моментот кога и е забрането да ги користи сервисите на Google.