Компанијата Samsung во својата Odyssey линија монитори додаде нов гејминг модел, кој го карактеризира висока стапка на освежување, без одзив, како и други премиум функции по ниска цена.

Samsung Odyssey G3 F27G33TFWU е 27-инчен монитор, кој го карактеризира дизајн на дисплејот речиси без рамки, VA панел со 144Hz стапка на освежување, 1ms одзив и Full HD резолуција. Покрај тоа, VA панелот има 8-битна длабочина на бои (16,7 милиони бои), способен е да понуди осветлување од 25 нита и има контраст 4000:1.

Мониторот го краси AMD FreeSync Premium со LFC (low framerate compensation), за да се спречи кочењето на екранот. Тука се и Games модот, flicker-free технологијата и Eye Saver режимот што го намалува влијанието на синото светло.

Кога се во прашање конекциите, Odyssey G3 F27G33TFWU има D-Sub порт, DisplayPort и HDMI приклучок, како и 3.5mm порт. Сталакот на мониторот овозможува користење на различни положби, а тука е и VESA 100x100mm поддршката.

Samsung Odyssey G3 F27G33TFWU гејминг мониторот е веќе прикажан во еден малопродажен синџир во Франција, по цена од 217 евра.