Twitter е веројатно најпознат како платформа за микроблогинг, а целта на сервисот е корисникот повеќе да ги подели своите мисли и идеи со јавноста, а помалку да разговара еден-на-еден. Меѓутоа, бидејќи ситуацијата со пандемијата на коронавирусот доведе до се поголемо фокусирање на видео конференции, Twitter би можел да стане заинтересиран своето внимание на го насочи на овој пазар.
Ова е засновано на објавата на компанијата Squad, која е специјализирана за видео разговори и делење на екранот. Се сугерира дека Twitter ја купил оваа компанија, која ќе биде згасната на 12. декември и веројатно ќе биде интегрирана во Twitter.
Во објавата Естер Крафорд, соосновач на Squad истакнала: „Возбудена сум што можат да објавам дека Twitter го купи Squad! Тимот ќе му се придружи на Twitter за да го прошири спектарот на конверзации што луѓето можат да ги водат на сервисот. Конкретно, ќе ја внесеме својата стручност од аудио и видео сферата во креативниот простор – се радуваме на создавање на нови формати кои овозможуваат забавани, содржајни и интересни разговори“.
Засега не е познато на кој начин Squad ќе биде конкретно вграден во Twitter, но не би било изненадување доколку популарната социјална мреќа наскоро добие повеќе можности за видео повици.
Поврзани артикли