Откако го направија Nearby Share за Windows достапно за корисниците во САД, Google сега го направи достапен за сите корисници ширум светот.

Корисниците на Android сега конечно имаат опција слична на Apple AirDrop, која е исклучително популарна за пренос на датотеки помеѓу iPhone и MacBook уредите.

Nearby Share за Windows е достапно за сите корисници на Android ширум светот (освен Северна Кореја, Куба, Сирија и Иран), кои сега можат да ја инсталираат оваа алатка за лесен пренос на датотеки помеѓу компјутер и телефон.

Споменатата алатка своите функции ги извршува безжично, како и без потреба од користење облак услуги како Google Drive. На корисниците им е потребен оперативен систем Windows 10 или понова верзија

За оние кои се загрижени за својата приватност, Google истакнува дека сите преноси на датотеки имаат шифрирање од крај до крај. Исто така, корисниците имаат можност да изберат како нивните уреди ќе комуницираат и на кого можат да бидат видливи.

Nearby Share за Windows ќе работи само на уреди на кои е вклучено Nearby Share, кои се во близина и отклучени и кои се најавени на нивната сметка на Google.