Апликациите на НАСА имаат тенденција да бидат целосно бизнис-ориентирани, но агенцијата сега размислува и за останатиот дел од пазарот, па така објави две апликации кои нудат нешто повеќе од сувопарни научни објаснувања.

Најинтересна е Exoplanet Excursions, VR апликација наменета за Oculus и HTC Vive. Ова 3D-искуство ви овозможува да се проштетате низ TRAPPIST-1 системот и да ги разгледате планетите кои многу наликуваат на Земјата, со можност да ги споредите со планетите од нашиот сончев систем.

Другата апликација е наречена NASA Selfies, и може да се забележи дека агенцијата се труди на секој можен начин да биде во тек со современите трендови. Апликацијата е достапна за Android и iOS, и ви овозможува да направите селфи со добро познатите космички обележја, како што е маглината Орион или ѕвездениот ветер “bow shock” на Zeta Ophiuchi. Звучи интересно, но нешто ни кажува дека ќе ги искористите еднаш или двапати пред повторно да се вратите на стандардните Instagram и Snapchat филтри.