Google најавува неколку нови функции кои пристигнуваат на Android телефоните сега или во следните недели. Овие функции се однесуваат на одредени апликации, но секако можат да бидат од корист.
Најпрвин, Gboard добива ажурирање кое ја подобрува Emoji Kitchen функцијата. Ова на корисниците им овозможува да комбинираат повеќе емотикони или визуелни елементи на два емотикони за да креираат прилагоден емотикон. Со ажурирањето, бројот на можни комбинации од неколку стотини ќе се зголеми на преку 14.000. Надградбата е моментно достапна во Gboard бета верзијата, а пристигнува на Android 6.0 или понови верзии во следните недели.
Google овозможува Voice Access апликацијата да биде пошироко достапна, отккао дебитираше на Android 11. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги контролираат своите уреди со употреба исклучиво на својот глас. Сега е можно додавање ознаки на група апликации, за полесно да се извршува навигацијата.
За Google Maps, сега тука е новиот Go tab, кој пристигнува во следните недели. Тој овозможува брзи кратенки за местата кои често се посетуваат. Можно е додавање на повеќе локации на оваа страница за да се добијат брзи упатства и информации за сообраќајот. Покрај тоа, Google ќе го овозможи Android Auto достапен во повеќе земји во текот на следните месеци.
Nearby Share наскоро ќе добие можност за делење на апликациите со корисниците во близина. Ова работи и без интернет конекција, а може да биде од корист кога сакате да му ппомогнете на пријател да ја подеси новата апликација без проблеми.
На крајот, фановите на аудио книгите добиваат новитети. Google за издавачите нуди алатка која овозможува автоматско префрлање на текстуелните книги во аудио формат. Алатката е достапна во бета и на издавачите ќе биде достапна на почетокот на следната година.