Microsoft неодамна почна да го освежува дизајнот на своите икони на сите свои услуги, па така и на Windows 10.

Ова е прв сет на нови икони за Windows направени во моемнтно популарниот „флуент дизајн“. Во build 19569, на своите Beta тестери, таканаречени Инсајдери, Microsoft им испрати унапредување, кое во себе имаше и неколку главни нови икони.

Доколку имате пристап до овој preview, ќе можете да ги видите новите икони за Outlook Calendar и Mail.

Уште во 2018. година, прв пат е претставен новиот изглед на Office иконите, што подоцна требаше да се случи и за Windows 10.