ZTE Axon 20 5G е претставен во септември, а досега беше достапен на пазарот на Кина. Телефонот го карактеризира единствен дизајн, со предна камера која е сместена под дисплејот. ZTE сега телефонот го овозможи да биде достапен и на глобалните пазари.

Кинеската компанија овозможи резервирање на телефонот, а причина за ваквата дистрибуција е тоа што на почетокот ќе бидат достапни лимитиран број уреди. Првата глобална испорака ќе почне од 21. декември.

Листата на пазари надвор од Кина што ќе го добијат ZTE Axon 20 5G ги вклучува Јапонија, Јужна Кореја и другите пазари на Азија, Јужна Африка, додека во Европа ќе се нуди во Украина, Велика Британија и земјите на Европската Унија. ZTE не ја објави цената на телефонот на официјалниот глобален сајт.

ZTE Axon 20 5G има 6.92-инчен OLED дисплеј, Qualcomm Snapdragon 765G чипсет, 64MP супер HD главна камера, која поддржува 4K видео @60fps, го напојува батерија од 4220mAh, со поддршка за 30W Quick Charge и нуди 5G поддршка.