Компанијата IHS Markit спроведе истражување за состојбата на екрани за мобилни уреди во текот на третиот квартал на оваа година. Екраните засновани на OLED технологијата се заслужни за повеќе од 60 проценти од приходите во целиот сектор на дисплеи за мобилните уреди.

Samsung доминира на пазарот на OLED екрани со удел од засега недостижни 93,3%, додека на целокупниот пазар на екрани за мобилни уреди, кој освен OLED вклучува и LCD екрани, држи удел од 57,8 проценти.

Продажбата на екрани за мобилни уреди во третиот квартал порасна на сума од 10,7 милијарди американски долари, од што 6,6 милијарди или 61 отсто се однесува на OLED екраните.

Растот на OLED екраните трае веќе некое време, а посебно се истакнуваше во периодот помеѓу 2017 и 2018. година. За споредба за колкав пораст се работи, вреди да се спомене дека во првиот квартал на 2017. година, пазарниот удел на OLED екрани изнесуваше 35 проценти во приходи, за сега во третиот квартал на 2018. година да скокне на претходно споменатиот износ од 61 процент.