Amazon го претстави новиот, редизајниран Fire HD 10 таблет, чија цена почнува од 150 долари. Стратегијата на позиционирање на мобилните уреди на пазарот на оваа гигантска компанија е едноставна – продава евтини таблет модели и заработува пари кога корисниците ќе почнат на Amazonда купуваат дигитални содржини, како филмови, книги, музика и сл. Овој таблет, секако, служи за сето ова наброено. Има своја фиока со апликациите на Amazon за видео, музика и останато.

Во себе содржи осмојадрен процесор кој работи на 2 Ghz и поддржува 2 GB RAM. Amazon тврди дека новиот процесор го прави овој таблет 30 проценти побрз од минатиот модел. Со достапност кон крајот на октомври, ќе може да се најде во две верзии – со 32 и 64 GB простор за складирање. Моделот со повеќе меморија ќе биде и малку поскап, па неговата цена ќе изнесува 190 долари. Доколку тоа не ви е доволно, секогаш можете да додадете до 512 GB дополнителен простор преку microSD картичка. Исто така, овие таблет уреди имаат поддршка за Dolby Atmos технологија и WiFi 802.11ac поврзување.