Корисниците на паметни телефони со оперативниот систем Android, кои ќе ја инсталираат апликацијата Digital Wellbeing ќе добиваат предупредувања да гледаат напред додека одат.

Функцијата е наречена „Heads Up“ и е интегрирана во апликацијата Digital Wellbeing, која е дизајнирана да им помогне на корисниците да следат и контролираат до кој степен ги користат своите мобилни телефони.

Новата опција ќе ги предупредува луѓето да бидат внимателни кога пешачејќи го користат својот паметен уред. Како што пренесува порталот XDA developers, Heads Up ќе го потсетува корисникот да „не зјапа“ премногу и предолго во дисплејот и да внимава наоколу додека е во движење.

Можно е и да се ограничи времето на употреба на одредена апликација или да се исклучат звуците за известувањата во одреден период. Известувањата за новата функција може да се вклучуваат и исклучуваат во поставките на мобилниот телефон.

Корисникот на Твитер, Џеј Пракас Камет, објави скриншоти од екранот откако забележа ново ажурирање на неговиот мобилен телефон Google Pixel 4a.

Меѓу известувањата се и пораките „бидете внимателни“, „гледајте напред“, „гледајте каде одите“ и слично, и тие се придружени со живописни емотикони