Кинеската компанија тврди дека кај својот најнов премиум телефон Mi 9, користи сафирно стакло за заштита на главната камера.

Ова тврдење беше доволен предизвик за Зак од ЈуТјуб каналот JerryRigEverything да изврши тест на издржливоста на овој телефон.

Xiaomi, исто како и Apple одлучи да користи сафир за заштита на своите камери. Сепак, се чини дека во најмала рака, исто како и на Ајфоните, така и кај Mi 9, сафирното стакло е од исклучително низок квалитет, па не може да се каже дека е отпорно на гребнатинки.

Тестот откри дека сафирното стакло повеќе наликува на обично стакло, а гребнатинките можат да се забеележат на шесто ниво. Детекторот на дијамант всушност забележа присуство на одредена количина на сафир измешан во стаклото, но сепак квалитетот не може да се каже дека е врвен.

Добра вест е тоа што, кога ќе го тргнеме на страна заштитното стакло на камерата, Xiaomi Mi 9 е прилично издржлив телефон, односно е рамо до рамо со останатите премиум телефони, со таа разлика што се продава по двојно пониска цена.