Twitter го објави Fleets – приказни кои автоматски исчезнуваат, за сите корисници. Најавен во март, Twitter Fleets стартуваше во Бразил, Индија, Италија и Јужна Кореја како начин да делите повеќе попатни коментари и медиуми, отколку што можеби би сакале кога сте на својот редовен хронолошки распоред.

Иако ќе можете да твитате како и обично, ќе можете и да делите содржини кои во основа се Twitter приказни или Stories на Twiter начин. Ќе траат 24 часа, а потоа автоматски се бришат.

Слично како и во случајот на Instagram Stories, одговорите во Fleets нема да функционираат како вообичаени Twitter одговори. Наместо тоа, можете да му испратите текстуален одговор или емоџи на авторот на Fleets, кој ќе се појави во нивните Директни пораки – под претпоставка дека ги отвориле – наместо како јавен одговор. Исто така, невозможно е да се ретвитува Fleet, иако вреди да се напомене дека никој не го спречува никого да направи снимка на екранот од она што сте го објавиле и да го сочува на тој начин.

Fleets може да содржи само текст, да биде реакција на другите твитови или фотографии и видеа. Постои поддршка за различни позадини и опции на текст, заедно со емотиконите. СО време, Twiter најавува дека ќе додаде стикери и емитување во живо на Fleets, за уште поголема непосредност во интеракциите.

Twitter објави дека Fleets ќе биде ќе биде претставен за iOS и Android корисниците ширум светот во текот на следните неколку дена. Ќе знаете дека ја имате оваа функција кога на врвот на апликацијата се појават ред кругови. Ако ги користите Instagram Stories, веќе знаете какјо сето тоа изгледа.