Oppo X 2021 е концепт телефон со дисплеј што може да се извлече во формат на таблет

Во текот на манифестацијата Oppo INNO Day 2020, компанијата Oppo презентираше неколку нови иновации. Покрај новата верзија на паметните очила AR Glass, Oppo го прикажа и новиот концептен паметен телефон, наречен Oppo X 2021. Овој специјален смартфон може да се прошири на формат на таблет.

Се работи за многу модерно дизајниран телефон со заоблени рабови и намотлив дисплеј. Со користење на електричен мотор, наречен „Roll Motor Powertrain“, овој паметен телефон може да се извлече во ширина. Значи, корисникот може лесно да го зголеми екранот од 6,7-инчи на дисплеј кој не е помал од 7,4 инчи.

Во куќиштето е поставена метална лизгачка конструкција што осигурува уредот да може често да се вовлекува и извлекува – без загрозување на неговата функционалност. Се работи за флексибилен OLED дисплеј, кој се поставува на шина со пречник од 6,8 мм. Овој пречник е внимателно избран за да се избегне видлив шав на местото на намотување и нанесување на екранот.

Во текот на презентација е напоменато дека на екранот не се гледаат никакви траги од проширувањето. Кај сите преклопни телефони кои се моментно достапни, навистина е видлива јасна линија на преклопувањето, каде што екранот е склопен. Со ова вовлекување на екранот имате помалку проблеми со тоа и всушност не е често свиткан во истата точка.

Тоа што нема набори е големо постигнување на Oppo, а се чини дека овој Oppo X концепт теелфон е своевива напредна варијанта на концептниот модел, што TCL го прикажа во март оваа година.

На задната страна на Oppo X 2021, вертикалниот систем на камери е поставен во горниот лев агол. Во прашање е тројна камера од 48 мегапиксели и блиц – веројатно споредлив со сегашниот врвен модел, Oppo Find X2 Pro. Меѓутоа, точната конфигурација на камерите останува непозната.

Сепак, останува прашањето – каде е селфи камерата?

Засега останува непознато дали овој специјален Oppo паметен телефон навистина ќе биде објавен. Сето ова несомнено ќе биде поврзано со пазарните услови. Секако не е незамисливо, а на крајот на краиштата, неколку производители веќе работат на патенти слични на овој.