Изгледа дека дојде време за лансирање на телефон од средна класа, бидејќи – заедно со Galaxy A33 5G од понизок ранг – се појави и Galaxy A53, на официјалните страници за поддршка на компанијата, според извештајот од MySmartPrice.

Бидејќи премиум Galaxy S22 серијата треба да биде претставена на 8 февруари, не би биле  изненадени да го видиме A53 и A33 дуото да пристигне без помпа, за да се избегнеме какво било попречување на премиум триото на Samsung.

Наводните спецификации велат дека носи четирикратна камера на задната страна – со главна, ултраширока од 64-мегапиксели, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина – додека екранот ќе биде 6,4-инчен Full HD+ AMOLED панел со отвор за селфи камерата централно на врвот на екранот. Значи, тука нема фенси зум, но тоа е дел од она што го издвојува A53 од S22.

Понатаму, се шпекулира дека Galaxy A53 ќе работи на Exynos 1200 чип на Samsung и најмалку 8GB RAM. Exynos веројатно нема да се појави во сите региони, бидејќи Европа и САД имаат тенденција да добиваат Qualcomm спецификации во А класата, но сите гласини покажуваат дека овој Galaxy може да биде првиот што ќе го користи најновиот хардвер на MediaTek (иако се чини дека Dimensity 9000 е малку веројатен, бидејќи теоретски има поодбри спецификации од Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 во многу сегменти).