Apple почнал да му испраќа флексибилни iPhone модели на Foxconn за тестирање, а објавата на овие уреди на преклоп би можела да се случи во 2022. година, се вели во новиот извештај од Кина.

Повикувајќи се на изворите на снабдувачките синџири, Economic Daily News истакнува дека тестирањето вклучува проценка на употребата на OLED или micro-ЛЕД-технологијата на приказ, бидејќи изборот на кој било екран ќе влијае на накнадните методи на склопување.

Истакнато е и дека Apple побарал од Foxconn да ги процени лежиштата на уредиѕте со преку 100.000 тестови на отворање и затворање. Извештајот напоменува дека сличните тестови за редовните преносни компјутери бараат да се отвораат и затвораат помеѓу 20.000 и 30.000 пати.

Извештајот не нуди дополнителни информации за дизајнот на флексибилните уреди, но напоменува дека Samsung ќе го обезбеди панелот за екранот, што потенцијално ги поткрепува гласините дека Apple нарачал примероци од преклопни дисплеи од јужнокорејската компанија.

Според дојавувачот Џон Просер, Apple работи на преклопен прототип на iPhone, кој содржи два одвеони екрана кои се поврзани со шарка, а не еден екран како што е случај кајSamsung Galaxy Fold.

Просер истакнува дека флексибилниот iPhone има заоблени рабови од нерѓосувачки челик слични на iPhone 11 и дека нема засек, туку „ситно тело“ на надворешниот дисплеј за Face ID.