HTC веќе работи напорно на својот следен Android паметен телефон од висока класа. Уредот ќе понуди некои интересни иновации и ќе биде презентиран во првата половина од 2019 година. Извори блиски до компанијата тврдат дека HTC го тестира претстојниот Snapdragon 855 процесор. Ова е првиот чип на Qualcomm, кој се произведува со 7-нанометри технологија и има голем број на предности во однос на популарниот Snapdragon 845.

Во прилог на високите перформанси и ниската потрошувачка на енергија, оваа архитектура ќе обезбеди поддршка за 5G мрежите, пренесе TechSpot. Мобилниот процесор е дизајниран со специјална техника на оптичка литографија и е со размери 12,4 x 12,4 милиметри. Тој е правен на основа на моделот Snapdragon X50, кој е компатибилен со 5G технологијата. Qualcomm веќе потврди дека ќе обезбеди работни верзии на Snapdragon 855 до водечките Android производители до крајот на 2018 година.

Сè уште немаме информации за другите технички спецификации на првиот 5G паметен телефон на HTC. Можеме да претпоставиме дека уредот ќе работи со платформата Android 9.0 Pie. Во првата половина од 2019 година, ќе ја видиме премиерата на повеќе 5G модели на најголемите компании во индустријата. Масовното навлегување на првите смартфони со технологија се очекува да стане и еден од водечките трендови во овој пазарен сегмент во 2019 година.