Моментно, воглавно сите батерии што се користат во телефоните се исти, само што пристигнуваат во различни капацитети. Меѓутоа, со iPhone 13 моделите, Apple би можел да имплементира нешто што е окарактерзиирано како soft board технологија за батерии.
Ова е терминот што го користи аналитичарот Минг-Чи Куо во својот извештај за акционерите. Според наводите на Куо, една од причината на soft-board технологијата за батерии е што ќе помогне кај намалувањето на зеземениот простор во телефони, а ќе ја намали и цената на креирање на уредот.
Во овој момент, iPhone 12 има нов дизајн што е потенок од неговиот претходник. Меѓутоа, Apple исто така се одлучи на тоа да имплементира и помала батерија во теелфонот, а причина за ова би можело да биде што во уредот нема доволно простор. Доколку гласините за soft board технологијата за батерии се точни, можеби дополнителниот простор кој би се создал би бил искористен за подобрување на капацитетот на батериите, а со самото тоа и на нивниот работен век.
Останатите гласини што се однесуваат на iPhone 13 линијата, вклучуваат потенцијална надградба на камерите, посебно ултрашироката камера, но Apple ќе продолжи да го користи истиот дизајн.