Компанијата Google ја најави одличната нова можност за својот претстоен оперативен систем Android 12.

Корисниците на Android 12 ќе можат да ги играат уште од моментот кога ги преземаат. Во случајот на посебно големите игри, оваа можност ќе биде многу корисна, бидејќи корисниците нема да мораат долго да чекаат за влез во играта и почетокот на забавата.

Google како предност го истакна брзиот влез во игрите, а разликата е доста забележителна. Од споменатата компанија тврдат дека покренувањето на игрите е најмалку два пати побрзо.

Оваа можност е достапна за игрите кои го користат Play Asset Delivery систем.

Информациите се потврдени во текот на самитот Google for Games Developer Summit 2021. Google откри дека новиот game dashboard на Android 12 ќе овозможи полесен пристап до функциите како скриншотови и снимање. Овој dashboard ќе биде достапен на „избраните уреди“ нешто подоцна оваа година.

Android 12 донесува уште низа големи промени меѓу кои е и неговиот дизајн.