Intel во септември ја објави својата Tiger Lake-U линија процесори, а достапноста на првите производи со овие чипови почна од октомври. Објавената линија е дел од U варијантата на ултра-преносни уреди, но има само конфигурација со четири јадра и осум thread-ови.
Со оглед на тоа дека Intel доби значајна конкуренција во AMD на полето на преносни уреди (кој има широк спектар на понуда на чипови до 8C/16T варијанти), на Intel му е потребен одговор на тоа. Благодарение на дојавувачот TUM APISAK, ги имаме првите информации за Intel Tiger Lake-H процесорот од 11. генерација.
Процесорот се појави на Userbenchmark, а теститан е на платформата наречена „Insyde TigerLake“. Процесорот е забележан до осум јадра и 16 thread-ови, со просечна фреквенција од 2.75GHz. Во прашање е само инженерски примерок, што значи дека овој такт не ги претставува финалните фреквенции на процесорот.