Apple неодамна го објави преминот на Apple Silicon, што значи дека секој процесор во рамките на Mac компјутерите ќе биде прилагоден од компанијата со седиште во Купертино.

Сепак, се чини дека тоа почнува да претставува помал проблем за Apple. Тајванската компанија за производство на полупроводници (TSMC) е единствената која досега обезбедуваше чипови за Apple. Тековниот капацитет на TSMC му овозможува да ги задоволи потребите на неколку компании, кои го резервираат производство на чипови кај тајванскиот производител. Но, бидејќи Apple бара сè повеќе и повеќе чипови во однос на претходниот период, на TSMC му станува тешко да го следи производството.

Ова е причината поради која Apple бара дополнителен производител, кој заедно со TSMC би ги произведувал чиповите на компанијата, според аналитичарите од Business Korea.

Според изворите, Apple го насочил своето внимание кон Samsung Electronics и производствените капацитети на јужнокорејската компанија. Samsung неодамна почна со производство во сопствениот 5 nm процес и наскоро се очекуваат првите чипови со оваа технологија.

Меѓутоа, некои ја споменуваат можноста дека Apple M1 линијата чипови би можела да биде дел од овој прв бран. Apple, наводно, ќе ги ангажира и TSMC и Samsung за да обезбеди доволно залихи за големата побарувачка, што се очекува за производите базирани на најновата 5 нанометарска технологија на компанијата.