Информациите од претходно сугерираа дека Samsung Galaxy Note20 линијата ќе го нуди решението на компанијата за брзо полнење преку USB Power Delivery стандардот до 45W. Меѓутоа, компанијата ќе продолжи со традицијата на понудат на послабиот полнач со капацитет од 25W во пакувањето на телефонот.

Дојавувачот @rquandt потврди дека и Galaxy Note20 и Galaxy Note20 Ultra ќе пристигнат со 25W полначи во своите малопродажни пакувања.

Разликата помеѓу 25W и 45W полначи за Galaxy Note10 и Note10+ не беше голема, а останува да се види дали разликата во случајот на Galaxy Note20 линијата ќе биде забележителна.

Samsung Galaxy Note20 серијата телефони ќе биде претставена на 5. август, а во меѓувреме се појавија цените за пазарот на Јужна Кореjа.

Откриени цените на Galaxy Note20 серијата